Македонија
8. April 2020 - 10:06

Вкупно 35 лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 7/8 април по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на територија на целата држава вкупно 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што 19 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се  издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале решенија за самоизолација.

При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.