Вкупно 2.800 полицајци ќе ги обезбедуваат учесниците на Самитот за климата во Бурже
Конференцијата за климата - КОП21,чиј домаќин е Франција ќе се одржи под засилени безбедносни мерки, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев изутринава ги претстави безбедносните мерки со кои ќе им се гарантира безбедноста на учесниците на Големата дипломатска конференција за климатските промени која ќе се одржи од 30 ноември до 11 декември.
Иако најпрво се помисли дека конференцијата може да биде откажана по атентатите од 13 ноември и другите планирани атенати, кои се откриваат во истрагата, француските власти сакаат да им испратат порака на осигурување за учесниците.
Пред се најавените 143 шефови на држави и влади, меѓу кои и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кои го потврдија учеството на отворањето на конференцијата. Интересно е дека на 21 ноември имаше 138 потврди, а на 24 ноември беа потврдени 147 државници. Сите тие ќе пристигнат на аеродромот Бурже во парискиот регион, веднаш на самото место на конференцијата.
Тие ќе бидат пречекани од претседателот Франсоа Оланд и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.
На границите ќе бидат распоредени 8.000 полицајци и жандарми, а на самото место на конференцијата 2.800. Севкупно, за време на конференцијата 120.000 припадници на полициските армиските сили ќе се грижат за безбедноста на учесниците на конференцијата и на Французите. Истовремено антитерористичкиот план е на највисоко ниво.
Во Париз ќе биде драстично ограничен и сообраќајот во недела и понеделник за време кога тој ќе се претвори во светска престолнина, при што Парижаните се повикани да не ги користат автомобилите. Во недела и понеделник јавниот превоз во Париз ќе биде бесплатен, соопшти од своја страна градоначалничката на Париз Ан Идалго.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто