Вкупно 25 лица аплицирале за ИПАРД во Кавадарци
Апликации за финансиска поддршка преку ИПАРД програмата доставиле вкупно 25 лица од Кавадарци и Росоман, соопшти денеска советникот во Работната единица при Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци, Драганчо Николов.
- За купување на нови трактори и друга приклучна механизација во земјоделството, набавка на земјоделска опрема како плугови и инсталирање на систем капка по капка за наводнување во земјоделските имоти, најмногу се заинтересирани апликантите кои конкурираат согласно најновиот повик за поддршка по оваа програма, рече Николов.
Додаде дека три лица се пријавиле за обезбедување финансиска поддршка преку Националната програма за рурален развој. - Тие се однесуваат за набавка на земјоделска механизација при обработка на житарици, рече Николов.
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава