Свет
31. December 2015 - 13:54

Вкупно 21 патник повредени по силна турбуленција во авион на „Ер Канада“

Силната турбуленција во која западнал авион на канадската компанија „Ер Канада„ предизвика повреда на 21 патник, меѓу кои и три деца.

Авионот „Боинг 777-300 ЕР„ во кој имало 332 патници и 19 членови на екипажот, летал на својата редовна линија од кинескиот град Шангај, за Едмунтон во Канада.

Во текот на летот, кога авионот го сменеил курсот на летањето, па бил пренасочен кон Калгари, кога и се случила силната турбуленција.

Авионот наеднаш силно пропаднал и почнал да се тресе , по што некои од патниците „излетале од своте седишта„.

Сите повредени не биле врзани за коланите на седиштата, иако пилотите ја најавиле турбуленцијата и побарале сите да останат заврзани за своите сеишта.

По слетувањето, сите повредени се пренесени во болницата во Калгари, но лекарите соопштуваат дека никој не е потешко повреден и ниту еден патник не се наоѓа во животна опасност.

Сите повреди се однесуваат на грбот и на вратот.

Еден од стјуардите изјавил подоцна дека среќа е што „мошне силната турбуленција„ помина без потешки повреде, признавајќи дека тоа можело лесно да се случи.

Патниците им изјавиле на канадските медиуми дека сите биле „многу исплашени„ но дека немало паника во кабината додека „Боингот„ пропаѓал и силно се тресел.

Меѓу патниците имало неколку лекари и медицински сестри кои им помагале на повредените.

Управата на „Ер Канада„ изрази жалење за инцидентот и најави истрага посебно за тоа зашто била потребно авионот да се пренасочи од својата нормална линија.