Свет
10. March 2019 - 11:17

Вкупно 12 жртви во авионска несреќа во Колумбија

Вкупно 12 лица загинаа при уривање на авион од типот ДЦ-3 во Колумбија, соопшти полициски извор.

Агенцијата за цивилна авијација во соопштение потврди дека во несреќата нема преживеани.

Авионот на компанијата „Ласер Аерео“ летал од Сан Хосе дел Гуавиаре до Виљавиченсио.