Вклученоста во општеството е искучително важна за децата со оштетен вид
Децата со оштетен вид полесно се инклузираат во образовниот процес и општествените текови, доколку навреме ја започнат специфичната едукација со специјализирани едукатори. За таа цел во Штип, Велес, Скопје, Битола и Тетово се отворени ресурсни центри, опремени со најсовремена технологија.
- Има смарт табла, браев принтер, браева машина имаме и други дидактички средства кои можат да го олеснат образованието на детето за да може да се инклузира во општеството-изјави ЈАДРАНКА ДЕФЕКТОЛОГ
Скапата и софистицирана опрема е достапна не само за децата, туку и за сите повозрасни слепи и слабовидни лица, зашто несомнено постои проблем кај нив за инклузија и вработување, а до пред само 4 години над 90 % од овие лица биле неписмени.
- Ресурсите веќе постојат во Штип, треба да се искористат максимално, за да имаме поголем ефект-изјави Шпетин Љатифи, раководител на проект за инклузија на деца со оштетен вид.
Преку проект на УСАИД, во скоро сите градови во Македонија се организираат работилници за до обука на стручните едукатори кои работат со децата со оштетен вид.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар