Македонија
11. May 2016 - 8:19

Визбегово без вода поради чистење резервоар

Без вода денеска и утре од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците во село Визбегово, Општина Бутел.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, прекините се поради чистење и хлорирање на резервоар во Визбегово.