Витаминот Д го намалува ризикот од астма
Во светот 300 милиони луѓе боледуваат од астма, а земањето на витаминот Д како додаток на редовните лекарства може да го намали ризикот од тешките напади од оваа болест, објавија научниците.
Научниците заклучокот дека додавањето на витаминот Д ги намалува тешките напади од астма за 3 до 6 отсто, го донеле врз база на клиничките испитувања во САД, Канада, Индија, Јапонија, Полска и Велика Британија.
Адријан Мартино, професор од Лондонскиот универзитет кој го водел истражувањето, вели дека резултатите се ветувачки, но повикува и на претпазливост. „Станува збор за релативно мал број клинички испитувања, а пациентите главно боледувале од блага до умерена астма“, вели.
- Неопходни се истражувања на деца и на возрасни со тешки форми на астма, и дури тогаш ќе може да се каже дали витаминот Д им помага на таквите пациенти, вели Мартино.
Дополнителните истражувања веќе се започнати и резултатите ќе бидат познати за неколку месеци.
Ерика Кенингтон, челничка на здружението Asthma UK, се согласува дека резултатите ветуваат, но и таа смета дека се потребни дополнителни докази за дефинитивно да бидат потврдени.
- Со толку многу форми на астма, можно е витаминот Д да помага само кај некои, а не сите, смета Кенингтон.
Независна ревизија од страна на истражувачкиот центар Кокран на девет клинички испитувања покажа, исто така, дека стапката на напади од астма е намалена по третман со стероиди. Според нив, не е јасно дали ова им помага само на оние пациенти како кои има недостиг од витамин Д.
Тие, исто така, утврдиле дека стапката на напади на астма за кои е потребен третман со стероиди паднала за 0,44 до 0,28 напади по лице годишно, по употребата на витаминот Д. Се покажало дека витаминот Д не ја подобрил функцијата на белите дробови или симптомите на астмата од ден на ден.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар