Живот
4. September 2016 - 14:32

Вистински пријател: Куче со денови ја чека сопственичката пред вратата од болницата !

За кучето често се вели дека е најдобар пријател на човекот, а тоа уште еднаш се докажа дека е точно.

Сандра Иниеста девојка од Шпанија, по враќањето од одмор со својот татко и кучето Маја, морала да оди итно на операција откако добила големи болки во стомакот.

22 годишната девојка имала воспаление на слепото црево, а операцијата била успешна. Меѓутоа, Сандра веќе цела седмица лежи во болница, а нејзиното куче одбива да оди дома.

Двегодишното куче од расата Акита, веќе 6 дена лежи во болницата чекаќи ја својата сопственичка, и покрај обидите на таткото на Сандра да ја одведе дома.