Македонија
10. May 2017 - 16:00

Вистински хит - Колач без брашно и шеќер

 
Овој колач без брашно и шеќер за кратко време стана многу популарен. Има малку состојки, се прави многу лесно, а рецептот доаѓа од Јужна Америка.
 
 
Состојки:
 
4 јајца
 
2 портокали
 
200 грама ореви, бадеми, лешници или кокос
 
пола лажише сода бикарбона
 
100 грама црна чоколада
 
200 милилитри неутрална павлака
 
Подготовка:
 
Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа гответе ги половина час, додека не омекнат.
 
Сомелете ги во блендер, додајте ги јајцата и претходно сомелените ореви и додајте малку сода бикарбона.
 
Печете на 200 степени 20 минути.
 
Сварете ја неутралната павлка и во неа додајте чоколада додека таа не се растопи.
 
Со ова прелијте го готовиот и оладен колач.