Живот
27. August 2015 - 17:26

Вистински борец, била толку мала што целата рака можела да се протне низ прстенот на татко и!

Родена 13 недели пред терминот и била толку малечка што нејзината цела рака можела да се протне низ бурмата на татко и.

Имала само 500 грама и докторите биле убедени дека нема да живее подолго од три недели. Меѓутоа, овој мал борец успеал да ги преживее сите потешкотии и сега 17 недели подоцна, конечно излезе од болницата во рацете на своите родители.

Стефани Перин била во 27 недела од својата бременост кога лекарите и соопштиле дека нејзината неродена ќерка Моли има сериозно нарушување како одвојување на плацентата и ќе мораат итно да ја породат со царски рез.

Стефани и нејзиниот сопруг Џејми биле скршени од болка кога лекарите им изјавиле дека бебето е недоволно развиено во овој момент и веројатно нема да преживее подолго од три недели.

Докторите изјавиле дека, поради одвојувањето на плацентата, бебето не расте со нормална брзина во внатрешноста на матката. Поради тоа Стефани морала постојано да оди на контроли, за лекарите да проверат дали бебето се уште е живо.

– Тоа беше ужасно тешко. Секое утро се будевме и не знаевме дали нашето бебе е се уште живо! Се согласија да ја примат Стефани во болница каде константно ќе биде под контрола на лекарите, па можевме во секое време да побараме ултразвук за да провериме дали со бебето е се во ред“ – изјави Џејми.

Иако се обидувале да ја одржат бременоста што подолго, за Моли да има подобри шанси да преживее, сепак Стефани се породила во 27 недела.

Минијатурното бебе кое имало само половина килограм делувало толку немоќно што докторите биле убедени дека нема да преживее.

Но сега, 17 недели подоцна, Моли има три килограми и изгледа како и секое друго здраво бебе. Нејзините родители се пресреќни што конечно можат да ја држат во раце.

„Кога ни рекоа дека бебето нема да преживее подолго од три недели бевме скршени од тага. Беше ужасно, но сите беа добри спрема нас и сега станавме семејство. Сега конечно дојде моментот кога можеме да ја однесе дома и чувството е фантастично. Не можам да поверувам дека конечно дојде овој момент“ – изјави пресреќниот Џејми, кој ја држи својата ќеркичка во рацете.

А Моли? Таа e вистински борец, не ја симнува насмевката од лицето и постојано гледа во своите родители.