Високи температури од портокалова фаза и утре во цела Македонија
Tериторијата на целата држава и утре ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза според најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за здравство, кое препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години, а сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.
Министерството за здравство препорачува и да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во наведениот период.
- За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната. На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар, информира Министерството за здравство.
Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови, Министерството напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок