Македонија
15. January 2020 - 19:26

Високи функционери на ДУИ ја посетија општина Чаир

Дел од раководството на ДУИ, воедно и членови на Владата на РМ, министри, заменици министри, и пратеници, градоначалници и други функционери на партијата денеска ја посетија Општина Чаир. Најпрво тие ја посетија Пластичарската улица во општина Чаир  каде одблиску се запознаа со работата и активностите кои ги имаат сопствениците на локалите од оваа улица и проектите што се одвиваат од страна на институциите.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу информираа за проектите и активностите кои се спроведени и кои во иднина ќе се спроведат.

Министерот Бектеши истакна дека функционерите на Демократската унија за интеграција во Владата на Република Македонија се постојано на терен да ја набљудуваат работата на тековните проекти и да бидат што е можно поблизу до граѓаните.

„Скоро секој ден членовите на Владата на Демократската унија за интеграција во соработка со пратениците посетуваат различни општини во Република Македонија, денес сме во општина Чаир заедно со градоначалникот Ганиу, ги посетуваме претпријатијата и истовремено работиме на инфраструктурни проекти. Денес ќе имаме можност да се сретнеме и со еснафите во рамките на Чаршијата, но во исто време со помош на пратениците ќе се сретнеме и со претприемачите во индустриската зона во Визбегово и агендата ќе ја заокружиме со средбата со сите структури на ДУИ, но и со граѓаните каде ќе ги слушнеме нивните предлози во врска со политиките што ги спроведува ДУИ, но и мерките што ќе ги предвидиме во следната програма. “

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека ова е многу добра инвестиција за овој дел од улицата, тој исто така објасни дека во овој дел се реконструира и подземната канализациона мрежа.

„Заедно со извршната власт ја посетуваме Пластичарската улица, овде пред неколку дена остваривме средба со сите сопственици на објектите заедно со градоначалникот на Град Скопје за да ги информираме за почетокот на работите. Тоа беше неопходна инвестиција за овој дел, оваа улица се проширува за уште една лента, така што ќе имаме две ленти од двете страни. Исто така, ја искористивме можноста да ја реконструираме подземната инфраструктура, истовремено се проширува патот, но и се реконструира атмосферска канализација, водоснабдувањето и целата подземна инсталација. Детално образложивме што ќе содржи проектот, кога ќе заврши овој проект ќе имаме два катни паркинзи, ќе имаме проширен пат, патека за велосипеди…. “, истакна Ганиу

По посетата на пластичарската улица, застанаа во Старата скопска чаршија за да ја видат реализацијата на проектот на излозите во чаршијата.

Министерот Бектеши изјави дека проектот за промена на излозите на продавниците на чаршијата е одличен пример за соработката помеѓу централната и локалната власт.

„Како министерство за економија, ние ја следиме работата на промената на излозите на продавниците во Старата скопска чаршија, проект кој беше ветен на почетокот на оваа Влада, во моментов се спроведува и се надеваме дека наскоро ќе заврши.“, изјави Бектеши.

Во меѓувреме, првиот човек на Чаир Ганиу уште еднаш ја истакна важноста на чаршијата за граѓаните и се заблагодари на министерот Бектеши и Владата за нивната континуирана соработка, особено за проектот за излозите на Чаршијата.

„Му се заблагодарувам на министерот и на Владата за соработката што ја имаме во континуитет што се однесува на чаршијата. Министерството издвои буџет и минатата година, каде заеднички издвоивме 12 милиони денари за да се направи замена на 63 излози на продавници на бизнисмени кои аплицираа “.

Активностите продолжија со работна средба со претставници на Индустриската зона- Визбегово и средба со партиските структури и граѓани од општина Чаир.