Свет
2. March 2020 - 11:34

Висок ирански функционер почина од коронавирус

Член на советодавно тело на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, почина од коронавирус, објави денеска иранското државно радио.

Членот на советот за експедитивност Мохамед Мирмохамади (71), кој почина в болница во Техеран, е прв висок функционер во земјата кој и подлегна на болеста.

Во Иран има и други функционери кои заболеле од коронавирусот, меѓу кои е потпретседателката Масумех Ебтекар, позната како „Сестра Мери“, која била портпарол на студентите кои ја зазедоа американската амбасада во Техеран во 1979 година.

Исто така, заразен е и Ираџ Харирчи, шеф на владиниот тим за борба против коронавирусот, кој се обиде да ја намали сериозноста на епидемијата прад да се разболи.

Во Иран се потврдени 978 случаи на коронавирус, а досега починале 54 лица.