Македонија
18. April 2018 - 17:28

Виси реконструкцијата за април, Ахмети: Не сум препродавач за да давам или земам министерски места

Преговорите на Премиерот Заев за проширување на владејачкото мнозинство ја раздвижија атсмоферата во албанскиот политички блок. БЕСА на Гаши денеска на прес конференција потврди дека е на чекор пред фотеља на Илинденска но велат дека таму не го сакаат крилото на Касами, бидејќи како што велат, не сакаат меѓусебните спорови да ги внесат во кабинетот на Заев

Во СДСМ не кријат дека преговараат и со Касами, но за епилогот се уште нема детали. Покрај БЕСА, извесен нов партнер на Заев е и партијата на Тачи.
Проширувањето на мнозинството за партии од албанскиот етнички блок не предизвикува задоволство во Мала Речица. Партискиот лидер денеска не сакаше да коментира дали ќе ослободат некој од ресорите

Од Мала Речица велат дека во моментов не се фокусирани на реконструкција бидејќи според нив, поважно е претходно да се реши спорот за името. Партиски извори брифираат дека Заев нов кабинет може да очекува дури до крајот на мај или почетокот на јуни, кога и ќе се знае каков ќе биде епилогот од преговорите со Грција.

Крилото на Гаши има 3 пратеници, она на Касами двајца исто колку и партијата на Мендух Тачи.