Свет
2. November 2016 - 15:25

Вишиот суд во Лондон ќе одлучува кој да ја отпочне постапката за Брегзит

Лондонскиот Виш суд утре ќе одлучува кој да ја отпочне постапката за Брегзит, односно дали тоа ќе бидат пратениците во британскиот Парламент или Владата.

Минатиот месец во Судот е поднесена жалба од група активисти кои тврдат дека Владата нема овластувања да го покрене Членот 50 од Лисабонскиот договор, механизам што овозможува на една членка на Европската Унија да го напушти блокот, без експлицитна поддршка од Парламентот.

Адвокатите кои ја поднесоа жалбата ја најавуваат утрешната пресуда за 10 часот претпладне по локално време.