Свет
15. October 2016 - 19:15

Вишеградската група не постигна консензус за мигрантските квоти на ЕУ

Земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка) не успејаа да постигнат консензус на средбата на врвот, посветена на мигрантските квоти на ЕУ, на кои тие жестоко се спротивставуваат.

- Не успеавме да постигнеме консензус за квотите и принудните раселувања на бегалци, изјави полскиот претседател Анжеј Дуда по дводневната средба на врвот во Жешув.

Вишеградската група е против напорите на ЕУ да го распредели товарот од мигрантската криза меѓу сите земји-членки преку задолжителни квоти за прием.