Џет-Сет
18. March 2018 - 19:46

Висар и Елена Вишка се разведоа

Македонскиот глумец Висар Вишка се разведе од својата сопруга, водителката Елена Митева, објави Репортер. Иако подолго време се зборуваше дека се разделени, сепак, двојката не сакаше да коментира на оваа тема.

Според порталот Елена и Висар веќе една година не се заедно, а веста им ја потврдил и Вишка. Тој посочил дека имаат ангел, синот Дион, чија среќа и насмевка се најбитни за нив.