Македонија
27. December 2016 - 21:02

Вирусен менингит се појави во скопскатa градинка ,,Пролет‘‘ во Општина Карпош

Вирусен менингит се појавил кај деца во скопската градинка Пролет во Козле, општина Карпош.
 
Според информациите од градинката, кај едно дете е потврдена заразата со вирусен менингит, а кај уште едно дете постои сомнеж, но во тек се здравствени прегледи. Двете деца се повлечени од престој.
 
За случајот тие го известиле скопскиот Центар за јавно здравје.
 
Директорката на градинката Вита Јаковлевски во разговор за Сител потврдува дека во градинката која се наоѓа во скопско Козле се потврдени вакви случаи, но дека објектот не е затворен и во него редовно и денеска се згрижуваат деца.
 
„Извршени се сите потребни мерки, направена е дезинфекција на играчките и инвентарот, а на децата им  се земени примероци за анализа. Известени се и здравствените власти и општината“, вели Јаковлевска.
 
Од градинката велат дека нема причина за затворање на објектот.
 
Менингитисот е воспаление на мембраните на мозокот. Станува збор за исклучително заразно заболување кое може да се пренесе преку нечисти раце, кашлање и кивање или близок контакт. Најголем дел од случаите на менингитис се резултат на вирусна инфекција.