Винона Рајдер потврди дека ќе има продолжение на „Битлџус“
Актерката Винона Рајдер потврди дека ќе биде снимено долгоочекуваното продoлжение на култниoт филм на Тим Бартон, „Битлџус“.
- Мислам дека тоа можам да го потврдам, рече таа во емисијата на Сет Мерес на прашањето дали ќе има продолжение. - Тоа е голема тајна, но Тим во текот на промоцијата на филмот „Големи Очи“, рече дека продолжение ќе има и дека јас ќе играм во него, изјави Винона.
Рајдер во оригиналот филм играше со Мајкл Китон, Алек Болдвин и Џин Дејвис, а Бартон во текот на промоцијата „Големи очи“ минатата година изјави дека се работи на продолжение на „Битлџус“ и дека Китон и Рајдер најверојатно ќе ги репризираат нивните улоги.
Во филмот од 1988 година, Болдвин и Дејвис играат брачна двојка духови кои шетаат по куќата, а Китон го игра Битлџус, дух кој се обидува да ги уплаши новите станари во куќата. Винона Рајдер ја играше ќерката на новите станари Лидија.
Филмот доби Оскар за шминка, заработи пет пати повеќе од буџетот од 15 милиони долари и беше преточен во анимирана серија која ја продуцираше Бартон.
Бартон на сајтот Coming Soon објави дека Битлџус е лик кој многу го сака и кој му недостасува.
- Поточно, ми недостасува работата со Мајкл. Постои само еден Битлџус. Работиме на сценариото и мислам дека сме при крајот како никогаш порано и би сакал повторно да работам со него, додаде Бартон.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор