Loading Video...
Спорт плус
3. November 2019 - 15:07
Вињалес пред Маркез до триумф во Малезија
Светското првенство во Мото ГП е кон самиот крај. Утринава се возеше претпоследната трка во шампионатот и тоа за Големата награда на Малезија.
Шпанецот, Маверик Вињалас и неговиот сонародник и актуелен шампион Марк Маркез, ја одбележаа трката на патеката Сепанг, која заврши со триумф на Вињалес и тоа во последниот круг.
Покрај овие двајца за место на пиедесталот се избори и Италијанецот, Андреа Довициозо, кој водеше голема битка со сонародникот Валентино Роси.
Маркез веќе одамна ја осигура шампионската титула, па останува само да ја извози и последната трка во шампионатот закажана за 17 ноември во Валенсија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->