Бизнис
5. October 2019 - 16:36

Винарите бараат од лозарите квалитет и стандарди за да добијат повисоки цени

Владата да помогне во преговите со лозарите, бараат винарниците. Квалитет и стандарди, а не само цена  - е нивно мото.

Грозјето да се класифицира по региони и секој регион да има своја цена. На Светскиот ден на Вранецот, првиот човек на Балканската винска мрежа,  Јаневски, повика за поголем  извоз  да се понуди подобар квалитет на грозјето.

Условите за производство на вино кај нас се поволни,смета ресорниот министер Димковски. Има над 28 илјади хектари лозови насади, од кои над 11 илјади хектари се  вранец,  што значи 28 илјади семејства  живеат од оваа гранка.

Според него, досегашните мерки даваат резултати, а наскоро со  новиот закон за вино ќе има поголема поддршка  и олеснети услови за произвдоство на мали, семејни винарници

Проблем за македонското вино е да се најде пласман на странските пазари. Затоа се  формира Балканска винска мрежа, каде со заедички настап од соседните земји ќе се освојуваат странските пазарите.