Тенис
8. July 2016 - 18:24

Вимблдон:Раониќ поуспешен од Федерер

Канадскиот тенисер Милош Раониќ со пресврт стигна до победата во полуфиналето на Вимблдон над Рожер Федерер. Тој во полуфиналето попладнево го совлада седумкратниот победник на овој турнир со 3-2 во сетови (6:3; 6:7 (3:7); 4:6; 7:5 и 6:3 во гемови). Федерер водеше во мечот со 2-1 во сетови, но сепак на крајот мораше да му честита на Раониќ првото Грен слем финале.
Раониќ досега најдобриот резултат на Грен слем турнирите го имаше со две полуфинални учества (Вимблдон 2014 и Австралија Опен 2016). Ова за Федерер беше прв пораз на Вимблдон во полуфинален меч, бидејќи досега секогаш победуваше и има одиграно 10 финални меча.
Во второто полуфинале што е во тек играат Енди Мареј и Томаш Бердих, а победникот од овој меч во недела ќе игра во финалето со Раониќ.