-->
-->
Вимблдон: Возниацки не задоволна од статусот на тенисерките
-->
Поранешната тенисерка број 1 Каролине Возниацки по елиминацијата во 4.коло на Вимблдон искажа многу забелешки на страна на организаторот.
- Секогаш сакам да играм на некој од поголемите терени. Вредно тренираме за да играме на големите турнири и на големите терени. Но, девојките не добиваат вистинска шанса да играат на големите терени. Се одигрува по еден женски меч дневно на Централниот терен и на теренот број 1. Првата недела од турнирот иста беше сликата и на теренот број 2. Најголемиот дел од нас сметаат дека заслужуваат да играат на поголеми терени со повеќе публика, а не тоа да важи само за тенисерите, изјави данската тенисерка.
Возниацки петта година по ред успеава да стигне на Вимблдон „само“ до осминафиналето - 4.коло.
Можеби и тука е причината за оваа нејзина реакција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност