-->
-->
Вимблдон: Следува полуфинале Надал-Ѓоковиќ
-->
Рафаел Надал ја избегна судбината на својот вечен ривал Роџер Федерер и го совлада Хуан Мартин дел Потро во драматични пет сета со 7:5/6:7(9)/4:6/6:4/6:4 за да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, каде што го чека уште еден стар „познаник“, Новак Ѓоковиќ.
Надал пристигна на „Ол Ингланд клубот“ без ниту еден меч на трева досега оваа сезона, откако по освојувањето на 11. титула на Ролан Гарос замина на заслужен одмор, и малкумина му даваа големи шанси во Лондон. Меѓутоа, тој успеа да се врати од 2:1 негатива против упорниот Дел Потро и по 4 часа и 48 минути да остане во игра за двојна летна гренд-слем „програма“.
Во второто полуфинале ќе игра Јужноафриканецот Кевин Андерсон, кој го елиминираше Федерер, и Американецот Џон Изнер, кој со 6:7(5)/7:6(7)/6:3/6:4 го сопре Канаѓанецот Милош Раонич.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација