Тенис
30. јуни 2015 - 22:22

Вимблдон: Првиот ден без изненадувања

На првиот ден на Грен слем турнирот на Вимблдон немаше елиминации на фаворитите од кои се очекува пласман во самата завршница на турнирот. Првиот тенисер на светот кај мажите Новак Ѓоковиќ рутинирано со 3-0 во сетови го победи Филип Колшрајбер. Шампионот на Ролан Гарос, Стан Вавринка со истиот резултат го елиминира Жоао Соуса. Пласман во второто коло обезбеди и првакот од УС Опен Марин Чилиќ, а првата рунда ја минаа и Кеи Нишикори, Григор Димитров, Милош Раониќ, Давид Гофин, кои можат да бидат учесници и на последните денови од турнирот следната недела.
 
Кај жените првата тенирка на светот Серена Вилијамс немаше проблем во мечот со Маргарита Гаспарјан и на ривалката и препушти пет гема. Пласман во второто коло остварија уште: Викторија Азаренка, Ана Ивановиќ, Марија Шарапова, Луси Сафарова. Најубедливи во мечевите од првото коло беа Венус Вилијамс и Андреа Петковиќ, кои постигнаа победи од 6:0 и 6:0. Во женска конкуренција од виско рангираните тенисерки елиминирана е единствено Карла Суарез Наваро од Шпанија (9.носителка), која загуби од Јелена Остапенко.
 
Денеска на програмата се мечевите другите мечеви од првото коло во двете конкуренции.