-->
-->
Вимблдон: Познати полуфиналистите кај дамите
-->
Формирани се полуфиналните двојки на Вимблдон во женска конкуренција. Ветеранката Венус Вилијамс ќе игра против фомашната фаворитка Џоана Конта додека Шпанката Гарбиње Мугуруса за противничка ќе ја има Магдалена Рибарикова од Словачка.
Најнеизвесниот четвртфинален меч го одиграа Конат и Романката Симона Халеп. Натирализираната Британка славеше во три сета 6:7, 7:6, 6:4.
Конта стана првата тенисерка од Велика Британија по речиси четири девении која се пласира меѓу најдобрите четири на Вимблдон. Во исто време таа ја оневозможи Халеп од понеделник да биде број 1 на ВТА листата.
Прва на ВТА листата по Вимблдон ќе биде Каролина Плишкова.
Конта во полуфиналето ќе игра против 36-годишната Венус Вилијамс, која со победата над Елена Остапенко 6:3, 7:5 се пласира во своето десетто полуфинале на Вимлбдон. Венус во кариерата пет пати има триумфирано на овој Гренд слем.
Втората полуфинална двојка ја формираа Мугуруса и Рибарикова.
Шпанката лесно славеше над руската ветеранка Светлана Кузњецова 6:3, 6:4, додека Рибарикова ја победи Американката Коко Вандевеј со 6:3, 6:3.
Рибарикова е првата тенисерка од Словачка која стигнала до полуфиналето на Вимблдон. Таа во моментов е 87-ма на ВТА листата.
Полуфиналните мечеви во женска конкуренција ќе се одиграат в четврток.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид