Тенис
3. July 2015 - 14:51

Вимблдон: Ниту Швајнштајгер не и помогна на Ивановиќ

Германската фудбалска ѕвезда Бастијан Швајнштајгер не успеа да го спречи големото изненадување во 2.коло на Вимблдон кога неговата свршеница Ана Ивановиќ доживеа елиминација од американската тенисерка Бетани Матек-Санс.
 
Швајнштајгер во текот на мечот честопати се обидуваше да и ја подигне самодовербата на Ивановиќ гестикулирајќи и таа да ја врати насмевката, но се беше залудно.
 
Американката победи со 2-0 (6:3 и 6:4) и се избори за учество во следната рунда.