Тенис
11. July 2017 - 17:58

Вимблдон: Мугуруза прв полуфиналист кај дамите

Гарбинје Мугуруза е првата полуфиналистка на Вимблдон откако во два сета ја елиминира Светлана Кузњецова, 6-3 и 6-4.
На шпанката во секој сет и беше доволен по еден брејк за да оди во следната рунда. За победата и беа потребни 77 минути. Гарбиње во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Рибарикова - Вандевеј.