Тенис
8. July 2017 - 10:06

Вимблдон: Мареј среќно до победата над Фоњини

Бранителот на трофејот на Грен слемот Вимблдон, Енди Мареј, се пласира во осминафиналето откако синоќа го победи Италијанецот Фабио Фоњини со 3-1.
 
Во меч што траеше два часа и 40 минути, Британецот ги доби првиот, третиот и четвртиот сет (6:2, 6:1 и 7:5), додека Фоњини беше подобар само во вториот сет (6:4). Во последниот сет Мареј спаси пет сет топки спречи изедначување на 2:2. 
 
Првиот носител на турнирот во осминафиналето ќе се сретне со францускиот тенисер Бено Пери.
 
Покрај Мареј, од фаворитите за трофејот вчера пласман во четврфиналето обезбеди 4. носител и Рафаел Надал.