Тенис
2. July 2016 - 18:43

Вимблдон: Квери по два дена конечно го победи Ѓоковиќ

Американскиот тенисер Сем Квери успеа да го направи најголемото изненадување досега на Вимблдон откако во 3.коло го елиминира првиот носител Новак Ѓоковиќ од Србија со 3-1 во сетови (7:6 (8:6); 6:1; 3:6; 7:6 (7:5)).
Мечот што почна вечра беше прекинат поради дожд при водство на Квери од 2:0 во сетови. Во првото денешно продолжение Ѓоковиќ го доби третиот сет и намали на 2:1 во сетови, но во четвртиот сет имаше многу промени и во тај брекот Квери беше подобар со 7:5.
И денеска дождот често ги прекинува мечевите на терените на Вимблдон, па досега завршија само неколку мечеви. Кај жените победи во 3.коло постигнаа Симона Халеп и Анжелика Кербер, а кај мажите тоа го направија Кеи Нишикори, Марин Чилиќ и Стив Џонсон.