-->
-->
Вимблдон: Комплетирано осминафиналето кај жените
-->
Сестрите Серена и Венус Вилијамс успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Вимблдон откако попладнево ги победија своите ривалки со 2-0 во сетови. Серена беше подобра од Светлана Кузљевова со 7.5 и 6:0 во сетови, додека Венус ја совлада Карла Суарез-Наваро со 7:6 (7:3) и 6:4.
Пласман во следната рунда обезбеди Симона Халеп со победата над Медисон Кејс со 2-1 во сетови (6:7 (5:7); 6:4 и 6:3), а во дуелот на руските тенисерки поуспешна беше Елена Веснина која со 2-1 во сетови (5:7; 6:1 и 9:7) ја совлада Екатерина Макарова.
Претходно пласман изборија: Анастасија Павличенкова, Доминика Цибулкова, Анжелик Кербер и Јарослава Шведова.
Двојките во четвртфиналето кое се игра утре се:
Серена Вилијамс – Павличенкова,
Цибулкова – Веснина,
Халеп – Кербер и
Венус Вилијамс – Шведова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право