Тенис
7. July 2018 - 17:34

Вимблдон: Елиминиран првиот женски рекет

Најдобрата светска тенисерка и победник на Ролан Гарос, Симона Халеп ги заврши натпреварите на Вимблдон уште во 3. Коло

Романката одигра меч со многу осцилации и загуби од СуВех Хсија од кинескиот Тајпеј  во три сета.

Дуелот кој траеше 2,5 часа е само продолжение на слабата игра на фаворитите на најсилниот светски турнир откако најдобрите 7 тенисерки во светот се елиминирани уште во првата недела.

Хсија во следната рунда ќе игра против Доминика Цибулкова од Словачка која во два сета ја елиминира Елиза Мертенс.