Loading Video...
Тенис
30. јуни 2021 - 19:10
Вимблдон: Без проблеми за Свитолина, Азаренка и Забаленка
На женскиот дел од турнирот на Вимблдон денеска се играа дуели од првото, но и второто коло.
Третата фаворитка Елена Свитолина од Украина одигра три сета во дуелот со Холанѓанката, Ујтванк која ја доби со 6-3, 2-6 и 6-3.
Изненадување приреди Французинката, Ализ Корне која во два сета со 6-2 и 6-1 беше подобра од петта носителка Канаѓанката, Бианка Андреску.
Пласман во 2.коло обезбеди и Каролина Плишкова од Чешка, како и Белорусинките Викторија Азаренка, која е 12-носителка а која со 2-0 ја победи Укринката, Козлова додека втората фавориткла Арија Забаленка, во меч од 2.коло ја совлада Британката, Батлер со 2-1 во сетови
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->