Тенис
24. јуни 2016 - 10:26

Вимблдон без Азаренка

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка, поради повреда нема да настапи на третиот Грен слем во сезоната, Вимблдон.
 
Азаренка, која на Вимбдлон беше поставена за шеста носителка, не се рехабиритирала од повредата поради која на Ролан Гарос и го предаде мечот од првото коло на Карин Кнап.
 
Белорусинката на Вимблдон двапати играча во полуфиналето (2011, 2012), а минатата година турнирот го заврши во четвртфиналето.
 
Вимбдлон се игра од 27. јуни до 9. јули, а титулата во женска конкуренција ја брани Серена Вилијамс.