Loading Video...
Тенис
10. July 2019 - 18:18

Вимблдон 2019: Ѓоковиќ - Баутиста Агут во првото полуфинале

Новак Ѓоковиќ и Баутиста Агут ја формираа првата полуфинална двојка на машкиот дел од мтурниртот на Вимблдон. 
 
Бранителот на трофејот и прв носител, Ѓоковиќ за помалку од 2 часа го победи Белгиецот, Давид Гофин со 3:0. 
 
Неговиот противник  Шпанецот, Габриел Баутиста Агут (23) место во полуфиналето обезбеди со победата над  Аргентинецот, Гуидо Пела (26) во четири сета со 7-5, 6-4, 3-6, и 6-3.
 
Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од четвртфиналните пресметки меѓу  (2) Роџер Федерер и (8) Кеи Нишикори, Јапонија, односно (3) Рафаел Надал и Американецот, Сем Квери