Loading Video...
Тенис
2. July 2018 - 15:43

Вимблдон 2018: Минатогодишните финалисти Федерер и Чилиќ стартуваа со победи

Главните фаворити за трофејот на Вимблдон, немаа проблеми во првата рунда. 
 
Минатогодишен победник Швајцарецот, Роџер Федерер одбраната на титулата ја започна со убедливата победа над Србинот, Душан Лајовиќ во меч кој го доби во три сета со 6-1, 6-3 и 6-4. 
 
Ланскиот финалист Марин Чилиќ од Хрватска кој годинава е трето рангиран исто така стартуваше со триумф и тоа против Јапонецот, Јошито Нишиока кого го совлада експресно за само 105.минути во три сета со 6-1, 6-4, 6-4
 
Од носителите, прогрес во второто коло направи и Американецот, Сем Квери, како и Германецот,Кохшрајбер. 
 
Утре својот прв меч ќе го игра на втор носител
Рафаел Надал во дуелот против Села од Израел