Loading Video...
Тенис
2. July 2018 - 15:45

Вимблдон 2018: Хрватката, Векиќ ја елиминира 4-носителка Стивенст

Првото големо изненадување го направи Дона Векиќ која ја елиминира Американката, Слоан Стивенс.  22-годишната, хрватска тенисерка Векиќ убедливо со 6-1 и 6-3 ја совлада 4-тата носителка Стивенс. 
 
Затоа пак 10-носителка Медисон кејс немаше проблеми во дуелот со Томјановиќ од Австралија, која ја победи со 6-4 и 6-2. 
 
7-та фаворитка Плишкова од Чешка во мечот против Британката, Дарт одигра три сета. 
 
И Американката, Венус Вилијамс која лани беше финалистка, а годинава ја има улогата на деветта носителка мораше да одигра три сета. Венус во дуелот со Швеѓанката, Ларсон го загуби првиот сет во тај-брејк  (7:6), но следните два ги доби со 6-2 и 6-1 за пласман во второто коло.
 
Утре на терените ќе се појави и топ фаворитка Симона Халеп од Романија која за противничка ќе ја има Јапонката, Нара, како и шампионката од минатата година Габрине Мугуруза од Шпанија, која одбраната на титулата ќе за започне против домашната британска тенисерка Броади.