Македонија
29. September 2015 - 12:48

„То Вима“: САД инисистираат соседната земја да ја нарекуваат Република Македонија

Спорот за уставното име на Макeдонија брзо станува голем проблем меѓу Грција и САД,изјавиле странски дипломатски извори за весникот „То Вима“, додавајќи дека САД го одбиле грчкото барање Скопје да учествува под привременото име ПЈРМ на разговорите за насилен екстремизам во Њујорк.

Според дипломатски извори на кои се повикува весникот, нашата земја била поканета како „Република Македонија“, име кое САД гопризна во 2004 година, и покрај грчките приговори.

- Ова е вторпат американските власти да игнорираат вакво барање на грчката Влада. Во декември 2014 година ФИРОМ бешенасловена како „Република Македонија„ во заедничкото соопштение за формирање коалиција против таканаречената „Исламска држава“. Министерот за надворешни работи во тоа време, Евангелос Венизелос упати официјална жалба до неговиот американски колега Џон Кери и одлучи да не учествува на состанокот, потсетува „То Вима“.

Дипломатските извори објасниле дека и во двата случаи, одбивањето на грчките барања дошло од помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд. Таа, според „То Вима“, му рекла на грчкиот амбасадор во Вашингтон, Христос Панагопулос подобро директно да се позанимава со темата, кога тој ја посетил со цел да се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни.

- Прашањето дополнително се комплицира од фактот што Грција е поканета на денешниот состанок во својство на набљудувач, со оглед на тоа што не учествуваше на минатогодипниот прв состанок и не се соочи со какви било проблеми поврзани со насиленекстремизам. Како таква, Атина нема право да зборува или да поднесе жалба. Останува непознато дали Грција ќе биде претставена на состанокот. Во случај Грција да присуствува, неизвесно е кој ќе ја претставува, со оглед на тоа што идејата на господинот Ципрас е одбиена“, пишува „То Вима“.

Во соопштението во врска со разговорите за насилниот екстремизам, грчкото Министерството за надворешни работи истакна декатие ќе обезбедат можност за понатамошно координирање на меѓународната заедница и другите членки на Алијансата во однос на таканаречената „Исламска држава“, како дел од изнаоѓање решение за сирискиот проблем и стабилизирање на поширокиот регион.