Фудбал
25. September 2017 - 14:42

Виљареал го отпушти тренерот

Виљареал по убедливиот пораз од Хетафе (4:0) реши да му врачи отказ на тренерот Фран Ескриба. „Жолтата подморница“ во првите шест кола во Ла Лига забележа три порази.
 
Ескриба на клупата на Виљареал го наследи Марселино Гарсија Торал, кој по завршувањето на минатата сезона се пресели во Валенсија. Клубот соопшти дека во наредните 24 часа ќе го именува наследникот на Ескриба.
 
„Виљареал реши да го раскине договорот со Фран Ескриба. Клубот им се заблагодарува на Ескриба и на неговите помошници Јосеф Алкасер и Хосе Маскарос за нивната посветена работа со првиот тим и им посакува сè најдобро во нивните понатамошни кариери. Тренингот на првиот тим, кој требаше да биде одржан во 10 часот, е поместен и ќе се одржи во 18 часот. До крајот на денот клубот ќе го именува новиот тренер“, се наведува во клупското соопштение.
 
Ескриба е вториот тренер во Ла Лига кој од почетокот на сезоната оостана без работа. Пред десет дена Алавес му врачи отказ на Аргентинецот Луис Субелдиа и на неговото место го назначи Џани ди Бјази.