Фудбал
27. March 2017 - 12:50

Вилијамс заврши со Будуќност

Два дена пред вториот полуфинален натпревар во АБА лигата помеѓу Будуќност и Црвена звезда, црногорскиот шампион реши да го отпушти Американецот Маркус Вилијамс.
 
„Маркус Вилијамс повеќе не е во тимот. Одлуката ја донесовме сите заедно. Со своето однесување на теренот, лошиот однос на тренинзите, Маркус не покажа доволна потчит кон дресот кој го носи, кон соиграчите, тренерот, кон сите“, изјавил на прес конференцијата тренерот на Будуќност Илијас Зурос.
 
Вилијамс сезонава во АБА лигата одигра 27 натпревари, на кои во просек бележел по 10,3 поени, 6,1 асистенции и 2,5 скока.