Македонија
4. November 2018 - 11:31

Викторија (15) исчезна од пред средното медицинско во Битола, родителите и полицијата трагаат по неа

15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, демирхисарско е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде.
 
Последен пат е видена во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.  
 
Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664 . 
 
Завчера С.Н.(36) од село Суводол пријавил дека нејзината 15-годишна ќерка излегла истиот ден и не се вратила.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.