Македонија
28. September 2017 - 19:17

Виктор Орбан и Јанез Јанша со поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и словенечкиот лидер Јанез Јанша со подршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ .

Тие на денешната работна средба потенцираа дека застануваат зад Груевски на овие локални избори кои се и европски поради тоа што работи за интересите на својата земја додавајќи дека   Македонија е дел од Европа и покрај тоа што не е член на ЕУ.

Орбан и Јанша истакнаа дека внимателно ќе ги следат изборите и информациите за злоупотреби и лоша судска пракса.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски потенцира дека атмосверата во која се одвиваат овие избори е лоша и непријатна со бројни инциденти ,нерегуларности ,злоупотреби за жал и пукања и тоа е загрижувачко во однос на одржување на фер и демократски избори.

Претходно, висока делегација составена од раководството на ФИДЕС, партијата на Орбан присуствуваше на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и даде отворена поддршка како единствена алтернатива за развојот и напредокот на државата.