Виктор Димовски нов директор на Агенцијата за национална безбедност
Виктор Димовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, соопшти денеска владината прес-служба.
Одлуката за назначување на Виктор Димовски на оваа функција е донесена на редовната 139. владина седница.
Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашат земја во Србија и Црна Гора, како и во државата Израел. Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник. Бил Национален координатор на нашата земја во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.
Владата, на денешната седница, исто така ја констатираше и оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ.
Тој е магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка