Викотници, крвави раце и паника: Ова се морничави сведоштва на оние кои го преживееа масакрот во Париз
Во саботата вечерта, напаѓач - наводно француски државјанин со чечениско потекло - почнал да напаѓа луѓе со нож во познатата туристичка улица во Париз. Напаѓачот повредил 5 лица, убивајќи едно.
Човекот кој работел во ресторан на тоа подрачје ја опишал грозната сцена кога напаѓачот ја убил првата случајна минувачка:
„Слушнав жена како вреска. Се обидуваше да побара заштита во нашиот ресторан“, изјавил тој за медиумите, додавјќи дека таа се обидувала да влезе, но наместо да ја повлече вратата, почнала да ја турка. „Тогаш ја нападна, токму пред ресторанот“, се присетеил човекот. На помош скокнала нејзината пријателка, која го спречила фаталниот исход.
Вториот сведок истрчал на местото на напдот за да им помогне на повредените.„Некој мереше пулс на прободена жена и зборуваше со неа. Луѓето си ги преврзуваа раните меѓусебно. Жената беше прободена во нога.“, рекол сведокот. Според првичните информации, жени на возраст од 54 и 26 години, се повредени во нападот.
Полицијата два пати го погодила напаѓачот со тејзер кој бил убиен на лице место. Луѓето кои биле во блиските ресторани се криеле под масите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица