Свет
9. February 2017 - 11:44

Википедија забранува цитирање на Дејли мејл

Уредниците на Википедија забранија цитирање на Дејли мејл во своите текстови, со оценка дека станува збор за недоверлив медиум.

Во образложение се вели дека станува збор за медиум што има лоша репутација бидејќи не ги проверува фактите, се занимава со сензационализам и фабрикува информации.

На соработниците кои креираат содржина за онлајн енциклопедијата им е испратено упатство во кои стои дека наместо информации од Дејли мејл во иднина да користат доверливи извори.