Македонија
4. September 2018 - 8:24

Викиликс: Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“

Уште во 2008 година официјално Скопје дало согласасност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“, се наведува во документ на американската амбасада во Скопје што го објави Викиликс, а го пренесува порталот Катимерини.

Викиликс Македонија

Доверливиот документ на американската амбасада под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, е од 29 јули 2018 година, а го составила тогашната американска амабасадорка во Македонија Џилијан Миловановиќ.

Документот покажува дека целите на Македонија не се многу променети во последната деценија и дека во одредена мерка се постигнати со грчко-македонскиот договор од јуни годинава.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија,  Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и наведува дека условите биле прифатливи за земјата.

„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската Влада е подготвена заради отворањето на патот во НАТО и членството во ЕУ да се согласи со името Република Северна Македонија во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонија, до кој дошол Викиликс.

Националноста и јазикот, исто така, требало да ја имаат придавката „македонски“, се заклучувало во документот, но дека со тоа треба внимателно да се постапува - можеби во вид на некој анекс или интерен документ во ОН што нема да биде предмет на одобрување од грчката  страна, пренесува Катимерини.