Македонија
4. September 2018 - 16:05

Викиликс: Северна Македонија било прифатливо решение и во 2008, државниот врв барал гаранции за македонски јазик и националност

Уште во 2008 година државниот врв во Македонија прифатил промена на името во Република Северна Македонија, но без уставни измени. Ова стои во документот на американската амбасада во Скопје, кој го објави Викиликс, а го преносоа грчки медуми.

Доверливиот документ на американската амбасада насловен „Што треба Македонците да направат за  да го решат спорот за името“ е составен на 29 јули 2008 година, од страна на тогашната американска амбасадорка во Македонија Џулијан Миловановиќ.

Според документот тогашното раководство претставено од премиерот Груевски и претседателот Црвенковски го поддржале името Република Северна Македонија,  но само доколку тоа вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста и со варијанта одредницата северна да стои во заграда.

Во документот се наведува дека евентуалното ново име би било во употреба во сите меѓународни организации, и во билатералните односи со сите земји кои не сакаат да го користат уставното име на државата. Ова решение од пред 10 години,  предвидува за внатрешна употреба, како и на пасошите и сите останати документи, да остане во употреба уставното име Република Македонија.

 Според договорот кој го објави Викиликс, црвените линии на тогашниот државен врв биле јазикот и националнота да останат македонски.

И покрај ваквите разлики помеѓу документот од 2008 и договорот за името од Преспа, премиерот Заев вели дека документот на Викиликс е причина повеќе граѓаните да излезат на претстојниот референдуми да ја обезбедат иднината на Македонија.

Знаете дека ги поседував разговорите кои сега се кај Специјалното јавно обвинителство. Многу влади се труделе да изнајдат решение и претходната влада се трудела. Дел од решението во делот на името и неговата севкупна употреба или како што се нарекува „ерга омнес“ било прифатено и во делот на Северна и во делот на Горна Македонија и драго ми е што ние добивме потврда на целокупниот наш идентитет - македонскиот јазик која што беше важна цел поставена на преговарачкиот тим, рече Заев.

Документот кој го објави Викиликс ги скара власта и опозицијата во Грција. Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија посочи дека со штетниот договор од Преска, грчката Влада ги задоволи долгогодишните барања на Скопје. Мицотакис уште еднаш потврди дека неговите пратеници нема да го поддржат договорот.

Преку писмено соопштение му одговори министерот за надворешни Коѕијас.

Познато е дека господниот Груевски не сакаше никакво решение во прашањето за името. За да го прелаже меѓународниот фактор се преправаше дека неопходно прифаќа компромис. Никој не му веруваше. Освен, Мицотакис, кој отпосле поверува. Оваа претстава на Груевски ја наградува Нова демократија, со денешното соопштение, пишува Коѕијас во реакцијата