Македонија
4. September 2018 - 12:05

Викиликс предизвика кавги во Атина за Договорот во Преспа

Уште во 2008 година државниот врв во Македонија прифатил промена на името во Република Северна Македонија, само доколку тоа вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста, стои во документот на американската амбасада во Скопје кој го објави Викиликс.

Доверливиот документ на американската амбасада насловен „Што треба Македонците да направат за  да го решат спорот за името“ е од 29 јули 2008 година, а е составен од тогашната американска амбасадорка во Македонија Џулијан Миловановиќ.

Според документот тогашното раководство претставено од премиерот Груевски и претседателот Црвенковски го поодржале името Република Северна Македонија, но со варијанта одредницата северна да стои во заграда.

Во документот се наведува дека евентуалното ново име би било во упоитреба во сите меѓународни организации, и во односите со сите земји кои не сакаат да го користат уставното име. За внатрешна употреба, како и на пасошите и сите останати документи, во ипотреба би останало уставното име Република Македонија. Црвените линии на тогашниот државен врв биле јазикот и националнота да останат македонски, се заклучува во доверливата белешка која ја објави Викиликс.

Овој документ ги скара власта и опозицијата во Грција. Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија посочи дека со штетниот договор од Преска, грчката Влада ги задоволи долгогодишните барања на Скопје. Мицотакис уште еднаш потврди дека неговите пратеници нема да го поддржат договорот.

Преку писмено соопштени му одговори министерот за надворешни Коѕијас.

Познато е дека господниот Груевски не сакаше никакво решение во прашањето за името. За да го прелаже меѓународниот фактор се преправаше дека неопходно прифаќа компромис. Никој не му веруваше. Освен, Мицотакис, кој отпосле поверува. Оваа претстава на Груевски ја наградува Нова демократија, со денешното соопштение, пишува Коѕијас во реакцијата.