Тенис
12. January 2017 - 15:28

Викери предаде меч во првиот гем, дали се чуваше за Лина?!

Американката Саша Викери, која во четвртокот загуби од Лина Ѓорческа, во првото квалификациско коло за пласман на првиот грен слем во сезоната Аустралијан Опен, пред два дена била актерка на еден од најсрамните мечеви во историјата на тенисот. Викери и нејзината противничка Белгијката Елис Мертенс по само еден гем го предале мечот, а судијата решил дека Викери прва побарала лекарска помош и победата и ја доделил на Мертенс.
 
По само еден гем на турнирот во Хобарт, Австралија, Саша Викери и Елис Мертенс побарале лекарска помош, кога и започнала трката која ќе тенисерка ќе го предаде мечот. Судијата проценил дека Викер прва побарала помош и победата и ја доделил на Мертенс.
 
Причината за неспортско однесување на двете тенисерки бил првиот грен слем во сезоната, Аустралијан Опен, односно квалификациите за пласман во главниот турнир.
 
Викери и Мертенс биле пријавени за настап во квалификациите на Аустралијан Опен, каде настап во само едно квалификациско коло носи иста сума на пари како и освоената титула во Хобарт.
 
Викери одигра само едно коло во Мелбурн, откако загуби од Лина Ѓорческа по 100 минути игра со 1:2 (2:6, 6:3, 3:6), додека Мертенс ќе игра во полуфиналето во Хобарт против Хрватката Јана Фет.
 
Спортската јавност за гестот кои го покажаа двете тенисерки побара тие да бидат казнети, ако ништо друго тогаш за неспортско однесување.
https://